Македонско лекарско друштво

zom

Лекарска комора

zom

Туристичка агенција

zom

КОНГРЕС

Почитувани колеги и пријатели,

Ми претставува чест и задоволство во име на Организациониот одбор да објавам дека IV-от Конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународно учество ќе се одржи во хотелскиот комплекс Метропол/Белви во Охрид, од 14 до 17-ти септември оваа година.

Ќе се сретнеме повторно во Охрид за да дискутираме за она што е ново во офталмологијата, новите хирушки методи и техники, дијагностичките постапки и широката развојна експанзија на технологијата во современата офталмологија.

Покрај овие заложби, Охрид во минатото претставуваше место за создавање на пријателства и професионална соработка помеѓу офталмолозите од различни земји. Овој конгрес претставува можност не само за професионално дружење, туку и за обновување на старите пријателства и создавање на нови, како и за незаборавни моменти во извонредниот амбиент кој претставува комбинација на културното наследство и прекрасните езерски пејсажи.

Ве очекуваме во Охрид во септември! 
 
проф. д-р Весна Димовска
Претседател на Здружението на офталмолози на Македонија.