Македонско лекарско друштво

zom

Лекарска комора

zom

Туристичка агенција

zom

АПСТРАКТИ

Официјален јазик на конгресот ќе биде македонски и англиски.

Краен рок за испраќање на апстракти - 01.06.2017г.

Упатство за подготовка и пријавување на апстракт

  1. Сите апстракти мора да бидат поднесени онлајн преку соодветната апликација на следната адреса: www.zom.mk, пред последниот рок за регистрација (апстракти испратени на факс или по пошта нема да бидат прифатени)
  2. Апстрактот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик.
  3. Насловот на апстрактот треба да биде напишани со големи букви и не треба да има повеќе од 20 зборови.
  4. Апстрактот треба да ги содржи следните главни делови: цел, методи, резултати и заклучок.
  5. Апстрактот треба да биде напишан со мали букви, освен големи букви на почетокот на реченицата и кога е потребно, и не треба да има повеќе од 300 зборови.
  6. Ако пријавувате повеќе од еден апстракт тие мора да бидат испратени одделно.
  7. Секој апстракт ќе се разгледува, класифицира, прифати или одбие од страна на Научниот одбор на Конгресот.
  8. Научниот одбор  го задржува правото да одлучи за видот на презентација на прифатениот апстракт за усна презентација или електронски постер.
  9. Одлуката на Научниот одбор е конечна. Еден од авторите на прифатениот апстракт треба да го изложи доколку биде прифатен за усна презентација.
  10. Сите апстракти ќе бидат објавени во Книгата на извадоци. Пред поднесување на апстрактот треба да се направи проверка на граматичките грешки.Сите апстракти ќе бидат печатени идентично како што ке бидат добиени.
  11. Авторот кој ке го презентира трудот мора да биде регистриран за учество на Конгресот со подмирена сума на котизација.
  12. Пред поднесување на апстрактот во апликацијата да се одбере тема и начин на презентација (усмена/електронски постер)

Упатство за подготовка на електронски постер

Трудовите презентирани во форма на електронски постер ги изложува водечкиот автор во времетрањење од 3-5 минути и треба да содржат до 5 слајда со следната содржина:
  1. Наслов на трудот, автори и институции
  2. Материјал и Методи
  3. Резултати и Дискусија
  4. Заклучок