Македонско лекарско друштво

zom

Лекарска комора

zom

Туристичка агенција

zom

АПСТРАКТИ

Официјален јазик на конгресот ќе биде македонски и англиски.

Краен рок за испраќање на апстракти – 10.07.2022

Упатство за подготовка и пријавување на апстракт

Сите апстракти мора да бидат поднесени онлајн преку соодветната апликација во продолжение, пред последниот рок за регистрација (апстракти испратени на факс или по пошта нема да бидат прифатени).

Апстрактот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик. Еден автор може да пријави најмногу два труда како прв автор, а апстрактите треба да бидат испратени засебно..
Ако пријавувате повеќе од еден апстракт тие мора да бидат испратени одделно.
Секој апстракт ќе се разгледува, класифицира, прифати или одбие од страна на Научниот одбор на Конгресот.
Научниот одбор  го задржува правото да одлучи за видот на презентација на прифатениот апстракт за усна презентација или електронски постер. Одлуката на Научниот одбор е конечна. Еден од авторите на прифатениот апстракт треба да го изложи доколку биде прифатен за усна презентација. Сите апстракти ќе бидат објавени во Книгата на извадоци. Пред поднесување на апстрактот треба да се направи проверка на граматичките грешки.Сите апстракти ќе бидат печатени идентично како што ке бидат добиени. Авторот кој ке го презентира трудот мора да биде регистриран за учество на Конгресот со подмирена сума на котизација.
Пред поднесување на апстрактот во апликацијата да се одбере тема и начин на презентација (усмена/електронски постер), како и опција со физичко присуство или online презентација.


УПАТСТВО ЗА ПИШУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ
Одберете соодветен вид на апстракт
Оригинален и стручен труд: Апстрактот содржи Вовед, цел, материјал и методи, резултати и заклучок, а авторите на трудот прикажуваат податоци од сопствени испитувања или проекти.
Ревијален труд: Апстрактот содржи Вовед, цел, обработка и заклучок.
Претставува оригинален и детален приказ на определен истражувачки проблем или подрачје во
кое авторот има определено искуство и придонес (се однесува претежно на апстракти од
поканети предавачи)
Приказ на случај: Апстрактот содржи Вовед, цел, приказ на случај и заклучок.

Подготовка на текстот

  • Апстрактот мора да биде напишан на македонски или на англиски јазик
  • Апстрактот мора да биде напишан според упатството на Организаторот
  • Јазик – македонски/англиски, единечен проред, фонт Arial (Times New Roman), големина 12, двострана маргина
  • Максимален број на зборови 300
  • Формулар за пријава на апстракт може да се најде во продолжение

Структура на апстрактот

  • Наслов на апстрактот – напишан со големи букви и болдиран, максимален број на зборови до 20
  • Имиња на автори – презиме и прва буква од името (на пр.Петковски М), името на презентирачкиот автор болдирано, институциите да се наведат според редоследот на авторите.Доколку има различни институции, да се нумерираат според редоследот на пишување на авторите.
  • Текстот на апстрактот треба да биде напишан со мали букви, да се избегнуваат кратенки, особено во насловот.Доколку се неопходни, прво да се цитира целиот текст, а во заграда кратенката -пр. дијабетичен макуларен едем (ДМЕ)

ПРОПОЗИЦИИ ЗА УСМЕНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Усмена презентација

  • Должина на траење – 7-10 мин.
  • Поканети предавачи - 14 мин
  • Јазик на презентација - македонски или англиски
  • Презентацијата треба да биде изготвена во Micrоsoft Power Point верзија 2010 или 2013
  • Презентацијата треба да му биде доставена на организаторот најмалку 4 часа пред сесијата или, за утринска сесија, претходниот ден
  • Доколку во презентацијата се споменуваат имиња на фармацевтски компании или лекови, авторот е дожен на првиот слајд да декларира конфликт на интереси
  • Ако предавачот ја излага презентацијата од сопствен компјутер, или прикажува филм во презентацијата, должен е тоа однапред да му го најави на организаторот за да се обезбедат соодветни технички услови
  • Организаторот и Научниот одбор не сносат никаква одговорност во врска со содржината, точноста и оригиналноста на пријавениот труд и презентација, односно евентуално плагирање на трудот

Упатство и пропозиции за подготовка на електронски постер
Трудовите презентирани во форма на електронски постер ги изложува
водечкиот автор во времетрањење од 3-4 минути и треба да содржат до 10
слајда со следната содржина:

  • Наслов на трудот, автори и институции
  • Материјал и Методи
  • Резултати
  • Заклучок
  • Јазик на презентација - македонски или англиски
  • Начин на излагање - електронски
  • Должина на презентација - 4 мин/10 слајда
  • На првиот слајд во долниот лев агол, да се наведе контакт телефон и емаил
  • адреса на авторт кој го презентира постерот
  • За се’ останато важат истите правила како и за усмената презентација.
 

Форма за пријава на апстракт

Титула

Име *

Презиме *

Број на лиценца *

Институција *

Адреса на институција *

Адреса на живеење *
Адреса

Адреса 2

Град

Општина

Поштенски број

Држава

Телефон *

E-mail *

 

Наслов на апстрактот *

 

Конфликт на интереси *

Да Не

Теми *

Болести на корнеа

Глауком

Катаракта

Ретина

Рефрактивна хирургија

Неуроофталмологија

Окуларна траума

Детска офталмологија и страбизам

Останато

Тип на презентација *

усна презентација (7-10 мин)

кратка усна презентација (3 мин) - електронски постер

Начин на презентација *

физичко присуство (face-to-face)

on line презентација

Прикачи апстракт *
(word документ именуван со латинични карактери)