Македонско лекарско друштво

zom

Лекарска комора

zom

Туристичка агенција

zom

ЗА ОХРИД

Охрид - бисер меѓу планините

Охрид, бесмртен град на митскиот Балкан, волшебен рид на Македонија, чиј што исконски пулс го поврзува античкото и модерното време засекогаш.

Охрид бил населен град 2400 години, легитимен потомок на сјајната Лихнида, град чии достигнувања се проткаени во таписеријата на силната античка цивилизација.

Градот Охрид секако е културна историја на Република Македонија во мало. Како епископски центар во античко време, а како и низ возобновената Охридска архиепископија, градот исто така низ вековите ја претставувал целата црковна историја на Македонија. Тој го носи името “Балкански Ерусалим“. Преку активностите на Свети Климент Охридски, кон крајот на 9-тиот и почетокот на 10-тиот век, тука бил отворен првиот словенски универзитет во Европа.

Охрид бил најважниот центар на првата средновековна македонска држава, на Самоиловото царство. Охрид е културен центар на Македонија во 19-тиот век со особен акцент на еден од најголемите европски интелектуалци на тоа време, роден во Охрид- Григор Прличев, исто така викан “втор Хомер“- СОВРШЕНСТВО ИЛИ СМРТ!

Денес Охрид е културен, духовен и туристички центар на Македонија. И за крај, како круна на неговите вредности, Охрид и Охридското езеро беа прогласени на културно и природно наследство, заштитено од УНЕСКО од 1980 година.

Паско Кузман